Skip to main content

Никој не смее да влијае на донесувањето на судските одлуки

Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција. Поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот.

 |   | 

Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција. Поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот.

Актуелните случувања на општестевната сцена во Македонија, особено во политичкиот корпус, фрлија сомнеж врз независноста и самостојноста на нашето судство. Судиите не смеат да бидат предмет на политички маркетинг, тие мора слободно и независно да ја вршат својата функција, а поддршка за своите одлуки да бараат во моралноста, етиката и законот истакна Лидија Неделкова претседателот на Врховниот суд.

„Судовите како носители на судската власт се еден од носечките столбови на правната држава доколку функционираат независно и самостојно в однос на политиката а во однос на граѓаните совесно, ефикасно и непристрасно судење , изјави Лидија Неделкова претседател на Врховен суд на РМ.

Проблемите со транспарентноста во работењето, притисоците врз судиите и имиџот на судската професија не се карактеристични само за Македонија. И Европа има слични проблеми. Денес е тешко да се биде судија во современа Европа, бидејќи постојат многу притисоци и влијаниа врз судството во регионов, објаснува Кристофер Леман – Директор „Сили“ Институт- Прага.

„Постојат најразлични притисоци. Од власта од политичките партии, од печатот , од медиумите и затоа во денешно време многу е тешко да се биде независен судија во особено дека доаѓаат притисоци од сите овие сфери“, вели Кристофер Леман извршен директор на Институтот Сили во Прага.

Политичките и општесвените случувања во земјава кои и тоа како во изминативе година и половина ја променија сликата за судството во Македонија, па поради тоа е потребно во градењето на перцепцијата за судството да се вклучат повеќе фактори. Џемали Саити – Претседател на Здружение на судии на РМ потенцира дека тој лично не очекува политичките случувања негативно да се одразат врз вкупните состојби во судството.

„Перцепцијата на судиите е прашање кое се гради секојдневно на таа перцепција активно треба да учествуваат и медиумите, јавноста меѓутоа огромен придонес треба да дадат и самите судии со нивното однесување во градењето на интегритетот“, вели Саити.

Потребен е напредок во судскиот систем, поголема одговорност и транспарентност но и подобар квалитет во работата. Токму на овие теми и независно судство деновиве во Охрид ќе дебатираат судиите од Југоисточна Европа и Америка, на Првата мегународна судска конференција.