Skip to main content

Нов проект на „Чист Охрид“

Младите волонтери на невладината организација „Чист Охрид“ започнуваат со нов проект „Означи локација со отпад во Охрид!“

 |   | 
logo

Младите волонтери на невладината организација „Чист Охрид“ започнуваат со нов проект „Означи локација со отпад во Охрид!“

Преку нивната официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук, волонтерите од „Чист Охрид“ ги повикуваат сите граѓани на Охрид, да го пополнат дадениот формулар, каде ќе именуваат улица, простор, парк, или населба, за која сметаат дека треба да се спроведе акција за чистење. Со оваа акција од неформалното здружение сакаат да ги поттикнат охриѓани на активна грижа за животната средина.

Во изминатиот период членови на оваа организација спроведоа низ од акции за чистење на повеќе локации низ градот.