Skip to main content

Охрид полека го стигнува Скопје по загаденост на воздухот

Енормно високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот. Еколозите велат итно се потребни мерки за намалување за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
 |  инфодеск  | 

Аерозагадувањето на брегот на Охридското Езеро урива рекорди. Со стартот на грејната сезона мерните станици секојдневно покажуваат енормно загадување . Сотојбата е алармантна особено во вечерните часови, синоќа е регистрирано присуство на штетните ПМ 10 честички во вредност од 270 мг на метар кубен. Еколозите велат итно се потребни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

„Загрижувачки се состојбите во зимскиот период кога од различниoт воздушен притисок немаме циркулација, а од север од Буково имаме носење загаден воздух, чад, смог кој што се позиционира над градот.“ – Охрид Трајче Талески екo активист.

„Со таа прекумерна урбанизација на некој начин го стасавме Скопје ги стопиравме ветровите Стрмецот не се чувствува веројанто то е причината.“– изјави Ванчо Стојаноски од ЕД Грашница.

Најпогодени од аерозагадувањето се децата, повозрасните и хронично болните. Лекарите препорачуваат во часовите на енормно загадување да се избегнува излегување надвор, пешачење и рекреација.

„Распираторни болести , хронично опструктивни болести, астма, меѓутоа влијанието е далеку поголемо. Особено малите честички навлегуваат во човечкиот организам влијаат на кардиоваскуларното здравје, влијаат на менталното здравје, на развојот на деменции кај луѓето и развојот на децата.“ – вели д-р Ана Угринска од ДОМ.

Од општина Охрид велат изработен е план за подобрување на амбиенталниот воздух кој предвидува повеќе мерки и тоа субвенционирање на клима уреди, воведување на денови без автомобили, стратегија за озеленување на јавните простори, како и набавка на електрични велсоипеди и возила.

Новинар Соња Рилковска