Skip to main content

Пештани ќе добие амбуланта

Амбулантата во Пештани ќе ги третира и пациентите од селата Љубаништа и Трпејца. Огласот за рурални матични лекари е успешен, оцени министерот Тодоров.

 |   | 
pestani

Амбулантата во Пештани ќе ги третира и пациентите од селата Љубаништа и Трпејца. Огласот за рурални матични лекари е успешен, оцени министерот Тодоров.

За секоја новоотворена рурална ординација по општа медицина согласно огласот, се склучува договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ординацијата ќе добива зголемен износ на капитација, и тоа најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец. Лекарот првите 24 месеци или додека не надмение 700 пациенти, ќе може сам да ја објавува функцијата, односно без медицинска сестра.