Skip to main content

СВР Охрид

Приведени две лица од Албанија, илегално ја преминале границата и ловеле риба

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Ohridsko ezero

На 4-ти јули 2025 година, во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, ги приведоа албанските државјани, на возраст од 22 и 30 години поради постоење основи на сомневање за сторено „илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „незаконит риболов“.

Како што информираат од СВР Охрид, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат. По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор. Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.