Skip to main content

СВР Охрид

Приведен 31-годишник од Радолишта: Управувал возило со активна забрана на магистралата Струга–Ќафасан

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  |  ,
Свр охрид

На 15 февруари 2026 година, во 17:32 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници д ОВР Струга лишија од слобода 31-годишно лице од струшкото село Радолишта.

– При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека имал активна забрана на управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.