Прличевци донираа книги во основното училиште во Пустец
По повод Месецот на книгата, кој се одбележува од 15 октомври до 15 ноември, вчера Прличевци реализираа значајна донација на книги за Основното училиште „Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиоски“ во Пустец.
– Учениците со голема хуманост и љубов кон книгата собраа 150 книги, кои ги донираа за збогатување на училишната библиотека и поттикнување на читањето кај своите врсници. Благодарност до сите ученици кои учествуваа во оваа акција и покажаа дека споделувањето на знаењето и љубовта кон пишаниот збор е најубавиот подарок што можеме да го подариме! „Една книга може да промени илјадници умови – дарувај за да инспирираш.“, велат од ООУ „Григор Прличев“.
Инаку, акцијата беше спроведена во рамките на Отворениот ден на Граѓанското образование во соработка со наставникот Анастас Темелко и учество на учениците од предметна настава.



