Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Охрид денес температурите во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во сабота наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.