Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 2 до 14 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека од утре следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.