Skip to main content

Македонски погледи

Промовирана збирката поезија “Македонски погледи”

Поетско патување напишано првично на шпански и италијански и преведено на македонски и англиски од еден цел тим пријатели и соработници на дипломатите Ернесто Хередеро дел Кампо и Марио де Роза.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Охрид во НУ Библиотека “Григор Прличев” беше промовирана книгата МАКЕДОНСКИ ПОГЛЕДИ во издание на ПНВ Публикации.

Поетско патување напишано првично на шпански и италијански и преведено на македонски и англиски од еден цел тим пријатели и соработници на двајца дипломати и пријатели Ернесто Хередеро дел Кампо и Марио де Роза.

Поезијата на македонски ја читаше нашата – охриѓанката Ружица Паункоска а музичката придружба беше на познатиот Дарко Багевски и неговата гитара.

Тоа беше дијалог на погледи, јазици и емоции собрани меѓу кориците на книгата а посветени на оваа прекрасна земја и на нашите македонски пријатели, велат од Библиотеката.

„Доцна ли е сега да се пишува поезија? Секако не! Никогаш не е доцна ни да се води дипломатија, ни да се пишува поезија. Кога дипломатијата ќе престане да зборува, тогаш почнуваат да грмат топови. Ако поезијата секне, тогаш ќе го снема светот; или ако го има сè уште, нема да биде вреден да се живее во него“ – Пајо Авировиќ, македонски дипломат.