Расчистена дива депонија која е мапирана во с.Велгошти.
Ј.П.,,Охридски Комуналец” им излезе во пресрет на барањето на жителите од с.Велгошти и презеде мерки за расчистување на дива депонија која за мештаните претставуваше континуиран проблем подолг временски период, велат од јавното претпријатие.
Во расчистувањето на истата се работело 5 работни денови со ангажирање на специјална механизација.
Екипите подигнатале енормни количини шут (31 трактор).