Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Расчистена нова дива депонија во Љубаништа
Подигнати 52 м3 непрописно одложен отпад: кабаст отпад, градежен шут и др. вид отпад.
Од ЈП Охридски Комуналец информираа за нивната најнова интервенција во с. Љубаништа, каде е расчистена нова дива депонија.

-Подигнати се 52 м3 непрописно одложен отпад: кабаст отпад, градежен шут и др. вид отпад. Повторно остро реагираме на ваквото масовно одлагање отпад на јавни површини и формирање диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, се вели во нивното соопштение.


