Skip to main content

Света архиерејска литургија по повод празникот Благовештение – Благоец

Прослава на Благовец во Коњско со литургија и благослов за здравје
 |  инфодеск  | 

Денес по повод празникот Светото Благовештение – Благовец со почеток во 12 часот ќе се одржи света архиерејска литургија во црквата Свето Благовештение – Благовец МПЦ Охрид, Коњско, наспроти Хотел “Метропол”.

– Честити имендени на сите што ги носат имињата: Благоја, Благој, Благојче, Бале, Баже, Вангел, Благица, Блага, Вангелка, Вангелица. Честит Празник Голем Благовец на сите луѓе – здравје и спасение, благодет, благи вести, пород. Повелете да Светиме Лепчиња и Славски Погачи, за здравје на сите, а ќе се крштева и вода, велат организаторите.

Од таму додаваат дека годинава ќе биде изложена и Икона на Светото Благовештение од Светата земја – Светиот Храм и Животоносниот извор на Светото Благовештение во Назарет, Израел, самото место каде што Архангел Гаврил иʼ се Јави на Мајката Божја и иʼ ја донесе Најблагата вест дека Го Носи Спасителот Исус ХРИСТОС во својата Пресвета Утроба – Почетокот на Светот! Ќе биде донесена и Света вода.