Светскиот ден на книгата одбележан во НУ Библиотека “Григор Прличев”
Христина Петреска за една година прочитала дури 139 книги. Таа денеска во градската библиотека беше проглсена за најчитатаелка за 2023 година, а по повод одбележување на Светскиот ден на книгата, 23-ти април.
„Омилена литература ми се драмите и романсите. Најмогу читав во време на ковид пандемијата, кога бевме затворени дома и имавме повеќе слободно време. Сакам да им порачам на граѓаните повеќе да читаат книги затоа што секоја една книга е ново патување и воедно си го збогатуваме вокабуларот“ – вели Христина.
Од околу 1500 активни членови во охридската библиотека,покрај Христина, над 100 книги минатата година прочитале и Марија Петковска и Јорданка Митаноска. Додека пак, во одделението за детска литература, млади најчитатли се Јована Снегарова, Бисера Ангелоска и Иван Аслимоски. 92 годишната Благородна Тасевска е највозрасен зачленет читател во охридската библиотека, а најмлад читател е малечката Маја Наумоска , родена 2022, која на денешната свеченост наградата ја прими во придружба на родителите. На свеченоста беше прогласен најдобриот Млад библиотекар, Бојана Башоска од ООУ „Св. Наум Охридски“од Пештани. Таа под менторство на Емилија Митреска ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Куманово на 21 мај.
Директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски се осврна на работата на установата во текот на изминатите 365 дена, посебно на низата активности со кои го поттикнуваме читањето на еден непосреден и убав начин, посебно меѓу младите. За истакнување е тоа што библиотеката на основци од охрисдките училишта им доделуваме бесплатни годишни членства.
„На тој начин ги поттикнуваме сите млади да се вратат кон книгата, не само онаа електронската, туку напротив кон онаа која ќе ја држат во раце и ќе го почувствуваат нејзиниот мирис, а и едноставно ќе знаат каде е библиотеката, ќе дојдат да се дружат, атоашто библиотеката не е само читална и место за издавање книги туку е место во кое ние се трудиме постојано да имаме промоции, средби со автори и да ја отвориме и за други активности во нашиот Охрид.” – рече Јованоски.
Библиотечниот фонд во градската библиотека изминатиов период беше збогатен и со донации на книги поради што денеска на 30 донатори од Охрид и цела земја им беа врачени благодарници.
Свеченоста беше заокружена со врачувањето на наградите на авторките Даниела Илијоска, Маја Мојсова и Силвана Јованоска кои на манифестацијата „Напиши стих – купи кафе“ во чест на Светскиот ден на поезијата 21 Март имаа најдобри поетски творби.
Настанот со свој својот настап го збогатија младите флејтистки од ООМУ „Методи Патче“.
Инаку, 23 април официјално е признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, Мигел де Сервантес како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир.