Skip to main content

Снегот и ниските температури го отежнуваат сообраќајот

Снежните наноси и ниските температури од викендов го отежнаа сообраќајот. Екипите на Македонија пат и комуналните претрпијатија на терен. Повеќето патни правци во охридско-струшкиот  регион се расчистени и проодни, но има остатоци од снег и појава на голомразица. Се препорачува внимателно возење и задолжителна зимска  опрема.
 |  инфодеск  | 

Остатоците од снег и ниските температури го отежнуваат сообраќајот. Повеќето патишта во охридско струшкиот регион  се проодни. Од вчера укинати  се забраните  за сообраќај на тешки возила кон Ѓавато и граничниот премин Ќафасан. Но, поради ниските температури на повеќето патни правци има појава на голомразица и лизгав коловоз, се препорачува  внимателно возење, особено на патот Струга- Дебар поради појава на одрони.

Екипите на Македонија пат и Јавните комунални претпријатија на терен, се расчистува и се посипува со абразивни средства.

Сите правци се проодни, се работеше 24 часа непрекинато.Само за еден ден потрошивме 100 кубици абразивен материјал. Како секција  Струга располагаме со три товарни камиони со нож и соларки. Патот Струга Дебар  е прооден но потребно е внимателно возење поради тоа што на места има остатоци од кашест снег. Да се вози внимателно во зимски услови.,-изјави телефонска изјава Дестан Бајрами  раководител Македонија пат Струга

Дел од повисоките планински села на Јабаница, Долни Дримкол и Малесија, остануваат отсечени. Тие се последни на листата за расчистување, во некои нема ни можност за пристапност со механизација, но  жителите таму се подготвени, нема пријави за помош  до ЦУК.

„Потсетивме и апелиравме граѓаните кои живеат на повисоките места покрај тоа што навремнео треба да се снабдат со основни намирници и лекови препорачавме да се движат внимателно дури и пеш бидејки наместа особено на осојните повисоки места е можна појава на голомразица”, информира во телефонска изјава Илија Бојаровски од  ЦУК.

Снежните наноси предизвикаа проблеми со електричното напојување во десеттина села во Кичево,  Охрид и Ресен.  

pss

Од Планинската спасителна служба Охрид велат деновиве  имале неколку интервенции за извлекување  на заглавени возила на планината Галичица. Од таму апелираат граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат забраната за движење на патниот правец Охрид Ресен преку Галичица.