Skip to main content

УХМР

Сончево и многу топло до 35 степени

Денес во Охри дтемпературите од 18 до 35 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Денес во Охри дтемпературите од 18 до 35 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град и температурите ќе опаднат за неколку степени.