Skip to main content

УХМР

Сончево со мала облачност и температура до 18 степени

Од среда до крајот на работната недела температурите ќе опаднат за 2 до 5 степени.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој повремено ќе засилува.

Максимланата дневна температура ќе се искачи до 18тиот степен.

Во Македонија во вторник ќе биде наутро свежо, а преку денот со сончеви периоди и релативно топло за овој дел од годината Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата.

фото: Ѓоко Симјаноски