Skip to main content

СВР Охрид

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од  31 годишно лице од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса” со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45 годишна жена од Ресен.

-Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Стефан Димоски.