Skip to main content

Сè поголем е интересот за угостителско туристичките струки

Се поголем интерес за средно угостителско туристичко образование. За разлика од минатото денес младите ја избираат оваа дефицитарна струка на пазарот на трудот. Угостителското средно училиште во Охрид  е местото каде се образува најдефицитарниот кадар во земјава, но  се образуваат и возрасни. Во тек е првиот пилот проект,  под експертиза на ЕУ за млади и Центарот за образование на возрасни.
 |  инфодеск  | 

Расте интересот за угостителско туристичко образование. Главната причина се дуалните паралелки, кои  се  основа за подготовка на стручниот кадар. Угостителското средно училиште во Охрид  е местото каде се образува најдефицитарниот кадар во земјава денес е современ образовен центар со сите услови.

Објектот е комплетно реновиран,  но најважно од се е што има кабинети и современа опрема за обавување на пракса што е клучно за дуалното образование, кое денес на младите им овозможува дирекно и брзо вработување, сигурна иднина но и солидни приходи и додека се во ученичките клупи.

„ Од прва година учениците започнуваат со пракса кај работодавач  а и заработуваат. Морам да напоменам дека сме регионален центра, државно училиште, државата го препозна тој концепт и сите деца од Југозападниот регион кој сакаат да се бават со угостителство и туризам треба да се запишат кај нас. Имаме рпекрасни услови реновирано е целото школо реновиран е целиот ученички дом. И може да кажам дека децата од првиот месец се веќе упатени во работата во туристичкиот сектор.“ – вели Тони Андрески директор на РЦССО „Ванчо Питошески” Охрид.

За доброто образование и стручноста на учениците и професорите доказ се многуте златни медалји со кои се китат учениците од угостителското училиште. Честопати учениците од Охрид учествуваат на меѓународни натпревари но реализираат и пракса во светски реномирани туристички дестинации.

„Во рамките на програмата за мобилност на Еразмус, нашиот центар реализира повеќе грантови преку кои поголем дел од нашите ученици имаа можност да реализираат стручна настава во реномираљни хотелкси капацитети ширум светот. Кадарот кој го произведува овој регионален центар е дефицитарен. Државата и заедницата го препозна значењето што го има овој регионален центар. Прво една од основните функции е јакнење на капацитетите на наставниот кадар тоа е и политика вложување во јакнење на капацитетите преку учество на многубројни интензивни тренинзи. Исто така промовираме активно волонтерско учество на учениците и наставниот кадар во активностите на заедницата.“ вели Лазо Дуноски професор по стручни предмети.

Во средното стручно угостителско училиште се образуваат и возрасни. Во тек е првиот пилот проект,  под експертиза на ЕУ за млади и Центарот за образование на возрасни минатите три месеци со дипломи се стекнаа  четири кандидати за звањата  барист и пица мајстор.

Новинар Соња Рилковска