ЈП Водовод – Охрид
Технички причини го одложија денешниот најавен прекин на вода за четврток
Најново соопштение од ЈП Водовод.
Поради технички причини се одложува најавениот прекин во водоснабдувањето (поради поставување на нов вентил со профил ф 300 мм) и наместо на ден 22.04.2026 година (Среда) активностите ќе се извршуваат на ден 23.04.2026 година (Четврток), така што од 08:00 часот до завршување со активностите ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15ти Корпус“, дел од „7ми Ноември“ , „Живко Чинго“, „Рашанец“ с.Лескоец и дел од „Кленоец“ од пресекот со улицата „7ми ноември“ до пресекот со улицата „Железничка“.


