Skip to main content

ТППЕ Охрид – Пожарна

ТППЕ Охрид стои на располагање на сите институции, училишта, објекти за реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки

Појаснување за поделбата на градот според ТППЕ Охрид – Пожарна.
 |  инфодеск  | 

Од охридската територијалната противпожарна единица информираат дека стојат на располагање на сите институции, школ и објекти со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација , давање на совети и препораки.

Информираат и дека регионот кој го опслужуваат е поделен на два дела: загрозеност на градот и населените места и загрозеност на шумите.

Степен на загрозеност – Стар град културно – историски споменици од непроценливо значење,тешко пристапни улици, збиена архитектура, несоодветна и нефункционална хидрантска мрежа.

– Можност од блоковски пожари !

Степен на загрозеност – Централно градско подрачје – Градежна експанзија , тешко пристапни локации и патишта, нефункционална внатрешна хидрантска мрежа во колективните станбени објекти,градби без пп скали за евакуација…

Степен на загрозеност – Населените места и периферијата – Ограничен пристап до одредени населени места , намалување на брзината на дејствување поради далечината,зголемена можност од шумски пожари…

-Секој од нас треба да биде совесен и одговорен!, порачуваат од ТППЕ Охрид.