Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди

Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 1 до 11 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Охрид денес температурите ќе бидат во интервал од 1 до 11 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.