Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Денес во Охрид минималните температури од 8, а максималнте до 21 степен Целзиусов.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Денес во Охрид минималните температури од 8, а максималнте до 21 степен Целзиусов.

Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски.