Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури

Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h).

Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Денес и во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.