Skip to main content

ЈП „Билјанини извори“ ќе наплатува надоместок за оштетување на рампите

За оштетување на рампите и за непрописно напуштање на паркинг просторот во премиум зоната ЈП Билјанини извори ќе наплатува надоместок во износ од 50 евра. Претпријатието често се соочува со трошоци поради оштетување на рампите и други злоупотреби од страна на несовесни корсиници на паркинг просторот со кој стопанисува. Со измена на ценовникот од страна на советот на општината сега претпријатието има основа да ја наплати штетата од причинителите кои ќе ги идентификува од видео надзорот.
 |  Маја Савиќ  | 
Рампи Варош

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ во иднина ќе наплатува надоместок во износ од 3000 денари од граѓани кои ќе ги оштетат рампите и исто толку од корисници на јавниот паркинг поростор кои ќе ја напуштат Премиум зоната спротивно на прописите. На последната седница на Совет беа изгласани и измени на Ценовникот на ЈП Билјанини извори во делот на стопанисување со јавниот паркинг простор со што се овозможува ваквата наплата.

Посоодветен назив за овој надоместок е глоба бидејќи се санкционира несовесното однесување на граѓани кон јавното добро, истакна советничката Живка Ангелоска. Таа побара појаснување како претпријатието ќе утврдува кој е прекршителот и како ќе врши наплата на овој надоместок.

„Како вие ќе утврдите , на некој начин треба истрага да спроведите и да утврдите кој е виновникот за да го наплатите тој надоместок. Доколку е на доброволна основа , во ред, но оној којшто несовесно се однесува сигурно нема доброволно да го плати надоместокот. Што ако е штетата на рампата многу повеќе од 3000 ден и сигурно вие нема да се ставите во улога на истражен орган да одредувате кој е причинителот и да му давате казна за тоа што го направил без надлежни органи да утврдат прекршок или на друг начин да се утврди одговорноста.“ – кажа Ангелоска.

Директорот на ЈП Билјанини извори истакна дека не станува збор за глоба , туку предвидување ставка во Ценовникот како основа за наплата поради разните начини со кои граѓани избегнуваат плаќање на паркинг и честото оштетување на рампите од страна на несовесникорисници на јавните паркиралишта.

„Имаме ценовник колку нас не чини таа даска(рампа) и затоа носоиме одлука за да можеме да вршиме наплаќање. Дали ќе платат веднаш во кеш по фискална сметка или од видео надзорот ние утврдуваме регистрација кога некој ќе ги скрши рампите, бараме информација од МВР и на лицето му пуштаме фактура. Во случај на поголемо оштетување ќе викниме и вешто лице кое ќе ја утврди вредноста на штетата.“ – објасни Теодор Андоноски, директор на ЈП Билјанини Извори.

Директорот посочи дека во работењетосе соочуваат со различни ситуации на злоупотреби од страна на корисниците на паркинг и врз основа на видео надзорот се утврдува дали во одреден случај ќе се пристапува кон дирекно наплаќање или ќе се оди по судски пат со поднесување пријава.