Skip to main content

Балканските прваци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на прием кај градоначалникот Пецаков

Од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ изразија голема благодарност кон градоначалникот Кирил Пецаков и локалната самоуправа за подршката која ја даваат при спроведувањето на активностите поврзани со учеството на овој престижен меѓународен натпревар.
 |  инфодеск  | 

По повод големиот успех кој го оствари на меѓународниот натпревар по роботика Балкан Јуниор 2024 година каде го освои првото место, тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше на прием кај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование Димитар Спасески.

На овој прием присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања Јованоска, Љупчо Балески и Тоде Дукоски, советникот во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска, како и директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , професорот Сашо Недески.

На оваа средба, учениците ги искажаа своите впечатоци од самиот натпревар, а го запознаа градоначалникот со карактеристиките и учесниците на овој натпревар како и неговиот тек. Беше истакнато значењето на овој натпревар како уште еден начин за промоција на нашиот град и држава. Беа истакнати позитивните искуства кои нашиот Центар ги има здобиено како резултат на учествата на овие натпревари кои придонесуваат кон развојот и унапредувањето на стручното образование, информираа од ОЕМУЦ.

Од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ изразија голема благодарност кон градоначалникот Кирил Пецаков и локалната самоуправа за подршката која ја даваат при спроведувањето на активностите поврзани со учеството на овој престижен меѓународен натпревар.