Skip to main content

Вечер на полноќ започнува предизборниот молк, во недела ќе се гласа за градоначалник на Струга и Дебрца

Во вториот круг од локалните избори за градоначалник ќе се гласа во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници.
 |  инфодеск  | 
Државна изборна комисија

Денес завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 кои ќе се одржат во недела на 2 ноември. На полноќ почнува молкот кој трае до недела до 19 часот.

Во вториот круг од локалните избори за градоначалник ќе се гласа во 32 општини и Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе има прегласување за советници откако Управниот суд ги поништи резултатите поради утврдени нерегуларности.

Втор круг од гласањето за избор на градоначалник ќе има во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и во Градот Скопје.

Во Општина Дебрца противкандидати се Златко Силјановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од Група избирачи, а право на глас имаат 3 937 избирачи.

Во Општина Струга ќе се води градоначалничката трка помеѓу Арсим Даљипи од НАИ и Менди Ќура од Група избирачи, а ќе гласаат 62 711 гласачи.