Skip to main content

Вкупно 19 реконструирани и нови детски игралишта во Охрид

Во фокусот на Секторот за комунални дејности изминативе години беше изградба на повеќенаменски детски и спортски игралишта. Реконструирани и изградени се вкупно 19. Годинава повеќенаменско игралиште ќе се гради и во населбата Видобишта.
 |  инфодеск  | 

Деветнаесет реконструирани и нови детски и спортски игралишта во Охрид. Локалната самоуправа  изминативе две години сериозно посвети внимание на спортски и детски игралишта. И тоа не само во градот туку и во руралните средини. Игралишта за деца добија и селата Косел и Пештани, а се реконструираше  и повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј. Пештани И Велгошти добија  и целосно нови спортско игралишта. Детско повеќенаменско игралиште годинава ќе се гради и во населбата Видобишта.

„Посебен акцент е ставен на изградбата и реконструкцијата на повеќенаменските детски ис протски игралишта. Во изминатите 2022 и 2023 година реализирани се бројни активности во таа насока, вкупно изградени и реконстурирани се 19 детски повеќенаменски игралишта на територијата на општина Охрид. Од нив 4 се потполно нови спортски игралишта со специјализирана подлога, која што е погодна за спортски активности. Такви игралишта се изградени и во градските и во рурланите средини. , вели Љупчо Танески заменик раководител на Секторот за комунални дејности.

Во фокусот на  секторот за комунални дејности, патишта и улици изминативе две години беа и бројни проекти од патната инфраструктура, меѓу кои изградбатна целосно нова атмосферска канализација во населбата Бараки, асфалтирање и  партерно уредување со пешачки и велосипедски патеки.

„Акцентот не е само на градските средини, исти активности имаме и во руралните средини. Голем број активности за асфалтирање на улици изградба на канализациони мрежи се преземени во селото Лескоец, Пештани, Велгошти во селото Орман на влезот во Охрид. Во 2024 година во Секторот за комунални дејности имаме една интензивна програма која ќе бара многу рбаота, труд и вложување”, додава Танески.

Од Секторот за комунални дејности велат во тек е реконструкција на улицата „Седми Ноември”, изградба на нова канализација на ул „Гоце Делчев” од Далјан до Воска, а  проектот ќе продолжи кон Лескајца , Кошишта и Стар град.  Годинава се очекува да започне и ркеонструкција на плоштадот Крушевска република.

Новинар Соња Рилковска