ВМРО НП, со пресс конференција за екстерното проверување
Проектот наречен Екстерно тестирање во основните и средните училишта воведен пред 3 години од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е беспредметен, бесмислен и контроверзен спротивен на Уставот и на законите , со низа пропусти, и недостатоци, обвинија денеска на прес конференција од Коалицијата ВМРО за Македонија.
Проектот наречен Екстерно тестирање во основните и средните училишта воведен пред 3 години од Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е беспредметен, бесмислен и контроверзен спротивен на Уставот и на законите , со низа пропусти, и недостатоци, обвинија денеска на прес конференција од Коалицијата ВМРО за Македонија.
Кандидатот за пратеник Рајко Домазетоски кажа дека институциите кои стојат зад овој проект не работат на унапредување на образовниот систем туку со овој проект децата се третирале како бројки за статистичка обработка.
Затоа , преку Советот на родители и Училишниот Одбор во охридската гимназија, во 2013та година поднел Иницијатива до Уставниот Суд дека проверувањето и оценувањето на учениците, треба да биде континуирано и систематско во текот на целата учебна година и наставниците се единствени кои можат тоа да го прават и на крајот да го утврдат општиот успех на ученикот. Одговор на иницијативата до денес не добиле.
„Доколку политичката опција која што ја претставувам коалицијата ВМРО за Македонија добие поддршка од народот и учествува во формирањето на нова влада , ќе го УКИНЕ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ и ќе воведе комбиниран модел на образование од системот на образование кои што до сега го имавме следејќи ги и имплементирајќи ги во него само позитивните искуства од европските и светски трендови.
Би сакал да им порачам на наставниците и на наставниот кадар дека нивната улога е клучна во воспитно-образовниот процес на младата популација а нивната понатамошна едукација во чекор со современите трендови ќе ни биде приоритет, а нивното понатамошно напредување во кариерата нема да зависи од еден квиз. На крај би сакал да им порачам на учениците а голем дел од нив со задоволство можам да кажам дека се и мои ученици, дека квизот од 30-40 прашања на училиште, т.н екстерно тестирање, (за жал на актуелната владеачка гарнитура) – повеќе нема да го имаат“, истакна Рајко Домазетоски – кандидат за пратеник (ВМРО за Македонија).