Skip to main content

Црвен крст Охрид

„Волшебна елка“ во Охрид Мол: Заедно да ги исполниме новогодишните желби на децата од социјално загрозените семејства

Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава, во Ohrid mall на 25.12.2025 г. (четврток) од 13 ч.
 |  инфодеск  | 

Од Црвен крст Охрид информираат дека во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца -Ве очекуваат во посебни подготвен новогодишен пакет-кутија веднаш покрај големата новогодишна елка во Ohrid mall, велат организаторите. 

Тие изразуваат благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 11.12.2025 до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги напишаните желби/подароци и донесувајќи ги подароците во Црвен крст Охрид или во аптеката Виа фарм во Ohrid mall. 

Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава, во Ohrid mall на 25.12.2025 г. (четврток) од 13 ч.

-Ги поттикнуваме и охрабруваме хуманите луѓе за учество во оваа хуманитарна акција, се вели во соопштението од Црвен крст Охрид.