Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 17.10.2023 год.(вторник) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од ул.Абас Емин и ул.Железничка (акцијата ќе се реализира по главните улици, а не и по споредните мали сокачиња и споредни улички)
„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот“ – напоменуваат од ЈП Охридски Комуналец.
Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.