На 9-ти јули 2025 година, во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Оровник, Општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа во која животот го изгуби едно лице.
– Незгодата се случи помеѓу патничко возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишно лице од Охрид и патничко возило „Ауди“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 36 годишно лице од селото Синичане, општина Боговиње. На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот од аудито и неговиот сопатник, 24 годишно лице од Куманово, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.