Во Општина Дебрца гласањето на претседателските избори се одвива непречено. На 23 гласачки места до 15 часот гласале 1.517 граѓани или 38,52 % од вкупно запишани 3938 лица во избирачкиот список од оваа општина.
Климе Сарафиноски претседател на ОИК Дебрца информира дека освен две пријави од лица кои не биле на избирачкиот список, нема други неправилности или проблеми во изборниот процес.