Skip to main content

НУ Библиотека Григор Прличев

Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“

Во саботата младите поети беа во посета и запознавање со дејноста на НУ – Библиотека “Григор Прличев”, една од најстарите и со најбогат книжевен фонд во Македонија и пошироко каде ги пречека библиотекар – советникот Мариче Боздоганова.
 |  инфодеск  | 

Од Охридската Библиотека информираат дека вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“кој се одржуваше во Охрид, Лескоец и Црвена Вода.

Кампот  “Ванчо Николески”, традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и млади кај нас.  На манифестацијата учествуваа млади поети и поетеси од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.

Во саботата младите поети беа во посета и запознавање со дејноста на НУ – Библиотека “Григор Прличев”, една од најстарите и со најбогат книжевен фонд во Македонија и пошироко каде ги пречека библиотекар – советникот Мариче Боздоганова. Во „Прличевата одаја“ тие го проследија предавањето за животот и делото на „таткото на глобализацијата”, Михаило Пупин, што го одржи најголемиот проучувач на овие простори, професор д-р Павле Митрески.

Вчера, во  Црвена Вода, учесниците ги добија сертификатите за учество на, осмиот по ред, Балкански поетски камп за деца и млади, точно пред родната куќа на еминентниот поет и писател од првата повоена генерација во Македонија,Ванчо Николески кој, во времето на југословенската федерација, беше обврзна литература за сите ученици, од Триглав до Гевгелија.