Skip to main content

Градинката „Билјана“ доби детско игралиште на иницијатива и со донација од родители

Oд ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ упатija јавна благодарност до родителите кои го обезбедија игралиштето.
 |  инфодеск  | 

Објектот „Билјана“ на охридската градинка доби детско игралиште на иницијатива на родители на дечиња кои ја посетуваат градинката и со обезбедна донација, информираат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ Охрид.

Нашиот родител Атанас Поп-Стефанија и останатите родители од објект Билјана во соработка со Славеј А.Д- Центар за ортотика и протетика ни го обезбедија ова игралиште во кое ќе уживаат многу идни генерации на дечиња, велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ упатувајќи јавна благодарност.