Skip to main content

СВР Охрид

Два случаи на семејно насилство во Охрид и Струга

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  |  ,
Семејно насилство

На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишен маж од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга,  по што е лишен од слобода.