На Светскиот ден на водните живеалишта, во Општина Дебрца беше потпишан Меморандум за Соработка помеѓу Здружението за екологија и туризам „Екотуризам2016” претставувано од координаторот Ѓоко Зороски и Градоначалникот на Општина Дебрца , за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца.
Носител на активностите е Здружението за екологија и туризам „Екотуризам-2016” во соработка со Општина Дебрца, каде во наредниот период е предвидено теренско, како и истражувањесо интервјуа, анкети и консултации и организирање на настани со жителите на општината за навремена и квалитетна изработка на студијата .
Со изработката на Студија за стратешки развој на Eкотуризмот ќе бидат опфатени можностите за развој на екотуризмот-како гранка за економски развој во општината како и сите постоечки и можни нови какапцитети кои ќе придонесат за развој на овој вид туризам во општината, а ќе бидат опфатени и нови проекти кои во наредниод период ќе треба да ги спроведува Општината, за забрзан развој на екотуризмот како форма за целокупен развој.