Од ЈП Водовод информираат дека поради интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN Македонија, денес од 09:00 часот неколку часа во прекин со работа ќе биде пумпената станица Орман.
Во овој период намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците: „Железничка”, „Гоце Делчев” со споредните улици од населбите Воска и Далјан, дел од бул. „Туристичка”, населбата Чекоштина и с.Орман.