Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во Охрид денес температурите од 6 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Следува период на променливо облачно, од утре и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има денес и кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Во Охрид денес температурите од 6 до 12 степени Целзиусови.