Skip to main content

УХМР

Денес променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд

Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 19 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди освен во крајните југозападни делови каде има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 19 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.