Skip to main content

УХМР

Денес сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец

Во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 16 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец.

Од УХМР информираат дека во деновите од викендов времето ќе биде стабилно, суво и тивко. Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 16 степени Целзиусови.

Фото: Ѓоко Симјаноски