УХМР
Денес утрото ведро, во текот на денот сончево и релативно топло
Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 22 степени Целзиусови.

Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 22 степени Целзиусови.
Утре, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.




