Skip to main content

УХМР

Денес утрото сончево и топло, попладне нè очекува невреме со пороен дожд, грмежи и град

Минималните температури во Охрид денес од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури во Охрид денес од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.

И утре претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.