Skip to main content

Дебарско-кичевска епархија Охрид

Едногодишен помен од блаженото упокоение на Митрополитот Тимотеј

Едногодишен помен од блаженото упокоение на Митрополитот Тимотеј.
 |  инфодеск  | 

Денес во манастирот Св.Климент и Пантелејмон – Плаошник, се отслужи Света Заупокоена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија г.Георгиј, во молитвено присуство на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополит Преспанско – пелагониски г. Петар, Митрополит Повардарски г. Агатангел.

По литургијата Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со Архиереите и свештенството отслужија парастос на гробот на митрополитот Тимотеј. Вечен спомен.

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј почина на 25 ноември минатата година, на 73-годишна возраст.

Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работел како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.

За архијереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година, а од 1995 година раководи со Дебарско-кичевската епархија. Митрополитот Тимотеј е првиот Владика кој е погребан во Плаошкиот манастир онаму каде тој го мина половината од својот живот.