Skip to main content

општина дебрца

Жителите на Дебрца со потешкотии при пристап до нивните домови поради неизграденоста на пристапните патишта со автопатот

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, оствари средба со жителите на Песочани, Ново Село и Црвена Вода.
 |  инфодеск  | 

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид, делницата Врбјани-Ботун, по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода, кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот.

-Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните, односно пристапните патишта, како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно, велат од Општина Дебрца.