Skip to main content

СВР Охрид

Запленети 300 теписони и стази кај Подмоље – приведен 52-годишник од Скопје

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

На 15 декември 2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље, лишија од слобода 52-годишно лице од Скопје.

– Имено, откако било сопрено товарно возило марка „Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето, при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.