Започнува потрагата по Ристе Алексиески
Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе седми ден е исчезнат, денес 10-ти јуни организира потрага по него.
Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе седми ден е исчезнат, денес 10-ти јуни организира потрага по него.
На Алексиески од трети овој месец му се губи секаква трага. Сите граѓани кои сакаат да помогнат да дојдат во селото Мешеишта во 07:30 часот. Повеќе информации можат да добијат на телефонот 077/738-691.
Веќе шести ден, семејството на Ристе Алексиески трага по него, откако заминал да бере печурки и не се вратил дома. Тие испраќаат замолница до сите граѓани, доколку имаат било каква информација да ги контактираат и на телефоните: 075/229-740, 072/768-562 и 076/777-390. Апелираат, доколку некој возач на камион или автобус го забележал на патот или можеби го пренесол кон Дебрца да се јави и да им даде информација.
48-годишниот Ристе Алексиески е висок околу 170 см, тежок околу 65 кг. Облечен во потемна облека (црни/тегет тренерки, темна маица/блуза) и темна капа на главата. Излегол од дома околу 11:00-12:00 часот и се упатил на автопатот Охрид-Скопје, на потегот од селото Мешеишта кон Климештани. Последен пат е виден во 12:30 часот, помеѓу двете села по автопатот.