Skip to main content

За нозете и черџето

Негативната пропаганда за висината на хотелско угостителските услуги најприсутна на социјалните мрежи се заканува да нанесе штета на оваа туристичка сезона.

 |   | 

Веќе неколку години наназад како да станува пракса, во екот на туристичката сезона, на социјалните мрежи да бидат постирани фотографии на фискални сметки, за тоа колку се високи цените на услугите во угостителските објекти во Охрид. Туристите и охрѓани со мислење дека Охрид, нуди хотелско угостителски услуги буквално за секој џеб.

Анти-пропагандата за Охрид особено во самиот врв на туристичката сезона не е некоја нова појава, но таа и тоа како може да нанесе сериозна штета на туризмот, посебно во делот од сезоната кој им носи најмногу пари на угостителите. Туристичката понуда во нашиов град особено во делот на угостителските услуги рака на срце навистина е разновидна, па вистина е дека можете во Охрид да пиете кафе и за 100 но и за 40 па дури и за триесет денари, во зависнот од објектот кој ќе биде ваш избор да уживате во кофеинското задоволство. За гастрономската понуда речиси да важи истото правило.

„Mеѓутоа за жал дел од гласините се навистина точни, не се гласини меѓутоа тоа се работи за еден минимален број на објекти, кои ете неоправдано ги зголемуваат цените, но не би сакал да се генерализира и тоа да биде комплетната слика за нашиов град и затоа ги повикувам сите гледачи да се оградат од такво генерализирање, се работи за еден минимален број од објектите кои условно речено на своја рака работаат со политиката на цени“, објаснува Михаил Мишев, претседател на еснаф на угостители.

Како и да е станува збор за еден социјален феномен кој нема да згасне ниту во сезоните кои претстојат. Но, во секој случај ќе треба и ние како домаќини да се научиме помалку и да реагираме и да работиме само на подобрување и збогатување на туристичката понуда, таа да биде разновидна и достапна за секој потрошувач. А, гостите па и тие ќе научат да си ги пуштат нозете онолку колку им е черџето.