Skip to main content

Земјотреси со епицентар во Албанија почувствувани и во Охрид

Два поединечни земјотреси со епицентри во соседството почувствувани во Охрид и околината
 |  инфодеск  | 

Вечерва регионалните сеизмолошки мрежи регистрираа два поединечни земјотреса со епицентри во соседството, кои беа почувствувани и од дел од населението во Охрид и околината.

Првиот земјотрес, со епицентар во Албанија, е регистриран во 19:43 часот по локално време со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала и длабочина од 15 км, додека вториот е забележан во 19:50 часот со јачина од 3,8 степени и длабочина од 3км.