Skip to main content

вмро-дпмне

Златко Силјаноски е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Дебрца

Антонио Милошоски по состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека Златко Силјаноски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 

Антонио Милошоски по состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека Златко Силјаноски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Дебрца.

Силјаноски е дел од 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, кои беа соопштени вечерва и се предложени до Централниот комитет.

1. Македонски Брод – Жарко Ристески.
2. Могила – Драганчо Саботковски
3. Пробиштип – Тони Тоневски
4.Богданци – Марјан Пеев
5. Демир Капија – Наталија Димитриева
6. Росоман – Ѓорги Крстевски
7. Новаци – Стевче Стевановски
8. Дебрца – Златко Силјаноски

– Со особена чест и чувство на длабока одговорност, сакам да ја изразам мојата благодарност за укажаната доверба од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Христијан Мицкоски, и ИК на партијата, кои донесоа одлука да бидам кандидат за Градоначалник на Општина Дебрца на претстојните локални избори. Искрено благодарам на ОК ВМРО ДПМНЕ – Дебрца , на сите структури и членови кои безрезервно ме поддржуваа во изминатиот период. Вашата доверба е мојата најголема мотивација. По дваесет години активно учество во јавниот и политичкиот живот на нашата општина, по илјадници разговори со сограѓани, размена на идеи, создавање визии и решенија – дојде моментот кога заедно со вас ќе ја започнеме новата фаза на вистински развој на Дебрца. Ја познавам оваа општина – нејзините предизвици и нејзините можности. Ќе бидам Градоначалник кој е постојано меѓу народот, на терен, таму каде што се проблемите, со цел тие да бидат решени брзо, ефикасно и чесно. Ќе бидам достапен, одговорен и посветен. Овој пат, лично јас – Златко Силјаноски – ја барам вашата поддршка. Да ја вратиме Општина Дебрца на вистинскиот пат, да изградиме иднина која сите ја заслужуваме – со работа, план, ред и почит кон секој граѓанин, изјави Силјаноски.